Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈО даде наредба за истражна постапка за убиство во Гостивар

Психопат со нож ја бодел мајка му и ја запалил
300x250 opst2

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Наредба за истражна постапка за убиство денеска донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар против 33 годишно лице од селото Чегране. Поради опасност од бегство за истиот е побаран и притвор.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 4 јуни на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, се обидел да лиши од живот друго лице, исто така од селото Чегране.

-По претходен меѓусебен договор да се најдат на наведеното место, двајцата започнале меѓусебна вербална расправија, по што осомничениот извадил нож од џебот и му задал два удари на оштетениот – во пределот на рамото и во задниот дел на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. По настанот осомничениот се упатил кон полициска станица, каде што сам се пријавил како сторител нa делото. Поради сериозноста на повредите, оштетениот е префрлен од Ургентниот центар во Гостивар во Клиничкиот центар во Скопје, се наведува во соопштението на ЈО. бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите