Утрински Весник
Македонија

Ноќеска без прекршување на полицискиот час во тетовско

Ноќеска без прекршување на полицискиот час во тетовско

Тетово, 5 јуни 2020 (МИА)- Од почетокот на полицискиот час во тетовско од вчера во 21 часот до 7 часот утринава тетовската полиција нема евидентирано прекршување, информира денес Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Граѓаните од сите тетовски општини од вчера во 21 часот до понеделник во 5 часот ќе треба да останата во домовите согласно мерката за ограничено движење.

 -Полициските службеници во текот на периодот на ограниченото движење од четврток во 21 до понеделник до 5 часот постојано ќе контролираат дали се почитува ограничувањето  на движењето, како одлука од страна на Владата, потенцира Јосифоски.

 Во текот на изминатото деноноќие тетовската полиција бележи 59 прекршочни платни налози за неносење на заштитни маски согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

 Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 35 лицa, додека вкупно биле контролирани 393 лица со вакви решенија.

Изјави за самоизолација потпишале вкупно 18 лица, а контролирани биле 73 лица со потпишани изјави за самоизолација. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја