Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, кон крајот на денот дожд

Претпладне сончево, кон крајот на денот дожд

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Минималната температура ќе се движи од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично  време со температура од 10 до 26 степени.

Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во следните денови, пак, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. мч/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

ДУИ: Од 549 нови полицајци има помалку од 40 Албанци