Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – На 03.06.2020 во 19.50 часот во СВР Скопје, В.В. од скопско Бардовци, пријавил дека околу 16.00 во дворот од семејната куќа настанал пожар во патничкото возило „мерцедес“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 04.06.2020 во 04.50 часот во СВР Скопје, П.Т.(19) од Скопје пријавил дека околу 03.10 часот на ул.„Георги Димитров“ бил физички нападнат од Н.А. Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2020 во 14.50 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(40) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Мирослав Крлежа“ бил физички нападнат од Г.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во село Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во соопштението од МВР стои дека вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Р.Д.(36) од Скопје пријавил дека на 02.06.2020 околу 13.30 часот, додека бил заедно со М.М.(34) од тетовското село Беловиште, и Г.Д.(28) од Скопје, во патничко возило „бмв Х5“, со скопски регистарски ознаки, во близина на клучката кон село Горно Коњари на автопатот Миладиновци, им бил попречен патот од патничко возило „ауди А4“, со велешки регистарски ознаки и патничко возило „голф 5“, со непознати регистарски ознаки, од каде излегле Ф.Ф., Е.Ф. и уште едно лице и истите им упатувале закани и физички ги нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23.40 часот, Р.М.(39) пријавила дека во неколку наврати била следена од непознати лица. Имено, според пријавителката на 03.06.2020 околу 18.00 часот пред училиште во населбата Синѓелиќ, додека била на состанок на политичка партија, возило „голф“, со кумановски регистарски таблички, во повеќе наврати кружело околу местото. Истиот ден, околу 19.00 часот, на друг состанок во Хиподром клуб, две непознати лица ја фотографирале со телефони и побегнале, а потоа во 20.30 часот пријавителката се упатила кон својот дом на ул.„Орце Николов“ и кога излегла од возилото пред влезот на зградата ја дочекало непознато лице ја фотографирало и веднаш побегнало. Според пријавителката, и на 01.06.2020 околу 19.20 часот на крстосницата на бул.„Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ од патничко возило „ауди“ излегол сопатникот, се упатил кон нејзиното возило, упатувајќи ѝ закани. Исто така, пријавителката навела дека и претходните месеци во неколку наврати била следена од возила (црн џип и голф), а пак, во периодот јануари/февруари годинава, во неколку наврати непознати лица во доцните ноќни часови помеѓу 00.00-03.00 часот ѕвонеле и тропале на вратата од нејзиниот стан. Во целиот овој период, стои во соопштението од МВР, пријавителката навела дека во повеќе наврати добивала пораки на Фејсбук со заканувачка и навредлива содржина, кои дополнително ќе ги приложела.

На 04.06.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 03.06.2020, во периодот од 22.30 до 23.00 часот, непознато лице фрлило јајца на фасадата на предниот дел од објектот на Влада на РСМ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 03.06.2020 во 16.10 часот во СВР Скопје, Б.Б.(28) од Скопје пријавил дека во село Патишка Река бил каснат од кучиња, сопственост на Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.П.(18) од с.Вешала, тетовско, А.И.(17) од с.Мерово, тетовско, А.С.(20) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, против М.А.(22) од с.Боговиње, тетовско и Д.С.(23) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на ул.„Маршал Тито“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на местото, со закана со нож, од возачот одзеле пари. Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на ул.„Маршал Тито“ се качиле во друго такси возило и на ист начин и од овој возач одзеле пари и побегнале. Трето и четвртопријавениот на 04.03.2020 на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на бараната локација, со употреба на сила, од возачот одзеле пари.

На 03.06.2020 во 21.35 часот во СВР Скопје, С.П.Ф.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„АВНОЈ“ била касната од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Џ.(17) од с.Долна Лешница, тетовско, М.И.(31) од с.Орашје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, против С.А.(52) од с.Стримница и А.А.(67), од истото тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Имено, Р.Џ. и М.И. во февруари и март 2020 година, со употреба на предмет и физичка сила, влегле во куќа во с.Долна Лешница и одзеле лаптоп компјутер, неколку мобилни телефони и други технички апарати. Одземените предмети тие ги препродале на С.А. и А.А., кои знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и М.Г.(20) и А.Г.(19), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 17.05.2020 во 23.50 часот во двор на ул.,,Г.А.Гочо“, Б.А. со употреба на физичка сила спречил полициски службеник во постапување по пријава за нарушен јавен ред и мир со пуштање гласна музика, додека М.Г. и А.Г. со секири упатиле закани кон полициските службеници.

На 03.06.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(26) од Скопје пријавила дека на ул.„Кичевска“ била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.З.(34) од с.Габрово, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. На 12.03.2020 на ул.„Кирил и Методиј” во Делчево, пријавениот, додека извршувал работни обврски со возило на ЈПКД „Брегалница“ Делчево, физички го нападнал И.З.(46) од Делчево.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 13.01.2020 телефонски се јавил на К.Р. од с.Вирче, делчевско и на А.С. од Делчево, се претставил како менаџер на фирма од Богданци и кажал дека му била потребна услуга за превоз на патници и пакети на релација Куманово – Скопје – Гевгелија – Делчево – Бугарија. Бидејќи К.Р. немал слободно возило, А.С. ја прифатил понудата и испратил возило во Куманово. Во тоа време пријавениот се јавил и соопштил дека најпрво треба да се платат пакетите, по што ќе ги носат во Скопје. На влезот на Куманово А.С. дал 17.000 денари, по што отишол на договореното место да ги подигне пакетите. Откако подолго време никој не се појавил, А.С. го барал пријавениот, но и тој бил недостапен.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 15.03.2020 на социјална мрежа „Фејсбук“ на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(35) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.12.2017 на паркинг на ул.„Илинденска“ полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.Н.(24) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.06.2019 на ул.„Рајко Жинзифов“, полициски службеници се обиделе да го легитимираат пријавениот, но тој не застанл, при што фрлил две пакувања со марихуана и побегнал. При преглед на местото на настанот марихуаната била пронајдена и одземена.

СВР Штип, СВР Куманово и СВР Битола поднесоа 19 кривични пријави против: И.Д.(19), С.Г.(19), С.Т.(66), сите од Свети Николе, В.М.(48) од Облешево, Ф.Х.(20) од с.Сопот, кумановско, Ј.Т.(32), М.А.(28), Ф.Б., К.С.(27), П.К.(37), Т.С.(42), В.Џ.(42), М.Г.(29), Е.И.(61), Ј.Ј.(28), М.С.(38), В.П.(32), Д.Р.(45), сите од Битола, М.Ѓ.(26) од Горно Оризари, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Н.Д.(43) од Делчево – управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 19.05.2020 во 14.10 часот на ул.„Никола Јонков Вапцаров” на терасата од угостителскиот објект на четири маси биле затекнати осум лица кои биле послужени со храна и пијалак, во моментот кога на сила била забрана за работа на кафетерии, барови, клубови, казина, согласно одлука на Влада. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен косовски државјанин баран од Интерпол на ГП Богородица

Муцунски очекува инцидентот со Вјоса Османи мирно да се реши

Приведен крадец во Куманово – 24info.mk