Утрински Весник
Македонија

Парична казна за 15 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сите обвинети, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во одделни настани, за време на полицискиот час биле затекнати како се движат пеш, со велосипеди или возила низ градот. Со преземените дејствија тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на судот му предложил на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.​ цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Револт кај сточарите – Ако нема пари, следуваат трактори и блокади

Анита Тополова-Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител

Левица: Измените на Кривичниот законик предложени од ДПМНЕ се лажно „враќање” на правдата