Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот кризен штаб бара заеднички патроли кои ќе проверуваат дали се почитуваат мерките во угостителските објекти

Гостиварскиот кризен штаб бара заеднички патроли кои ќе проверуваат дали се почитуваат мерките во угостителските објекти

Гостивар, 6 јуни 2020 (МИА) – Формирање заеднички патроли со комунални, пазарни и полициски инспектори за да се конторлираат угостителите дали ги спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот. Ова барање беше ставено во еден од заклучоците на меѓуопштинскиот штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше по денешниот состанок.

– Денеска ќе испратиме предлог до Државниот пазарен инспекторат и МВР за да организираме заеднички патроли во кои, покрај комуналните ќе има инспектори и преставници од овие институции. Тие заеднички на терен ќе ги конторлираат граѓаните и угостителите и дали ги почитуваат протоколите и препораките на здравствените власти. Очекувам за овој предлог да се договориме во понеделник, рече Арбен Таравари, претседател на штабот.

Според него, овие патроли веднаш нема да казнуваат туку ќе опоменуваат, а ако недостатоците се повторуваат, тогаш да се прејде кон санкционирање.

Таравари и препорача на централната власт да отпочне со поопсежна кампања за опасноста од Ковид-19 и подигање на свеста кај граѓаните. Тој побара да има и материјали на албански јазик, со што пораките ќе стигнат и до оваа етничка заедница.згм/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција

Николоски: Со инсталација на новиот АТМ систем и радарски систем во М-НАВ, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност 

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ