Утрински Весник
Спорт

Одлуката за казна на Сити може да доведе до хаос во Премиер лигата

Сити го освои трофејот од „Комјунити шилд“ по изведување на пенали

Манчестер, 4 јуни 2020 (МИА) – По секоја веројатност, Манчестер Сити ќе мора да почека додека не ја разбере конечната одлука на КАС во врска со казната на клубот. Во овој момент, јасно е дека на клубот му е забранет настап на европските клупски турнири во рок од 2 години, а според „Мирор“, конечната одлука ќе стане јасна за два месеци.

Англичаните поднесоа жалба во случајот до Спортскиот арбитражен суд, но нејзиното разгледување беше одложено поради ситуацијата со КОВИД-19. Рочиштето ќе започне во понеделник и ќе се одржува три дена, но конечната одлука најверојатно ќе биде одложена за два месеци.

И тоа ќе доведе до хаос околу пласманот во Премиер лигата. Доколку овој рок стане факт, нема да биде јасно до самиот крај на сезоната дали петтото место ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите, токму поради казната на „граѓаните“.

Во моментот, оваа позиција е окупирана од Манчестер Јунајтед, но во борбата за место во Топ 5 влегуваат и екипите на Вулверхемптон, Шефилд Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.

И УЕФА и Манчестер Сити вршат притисок за конечната одлука да биде објавена во најбрзо време.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен