Скопје, 4 јуни 2020
Поминавме тешки 2.5 месеци, период на пандемија, каде моравме да почитуваме вонредна состојба, да почитуваме полициски час,да почитуваме продолжени викенди во карантин и да носиме нови мерки за резоцијализација.
До овој период светската здравствена организација , предложи нови стандарди и протоколи за тоа како да се заштитиме самите ние и нашите најблиски од зараза од корона вирусот, меѓутоа и како да го нормализираме нашиот социо-еконсомки општествен живот.
Министерството за здравство, со навремено аплицирање и применување на препораките од СЗО успеа да воспостави контрола над оваа пандемија до овој момент, сега се соочуваме со еден нов пик на новозаразени , којшто се резултат на нашето несериозно пристапување према мерките кои ние здравствените работници ги препорачуваме на целото население.
Имено сега бројот на новозаразени е зголемен, меѓутоа процентот на заболените од новозаразените е многу помал во однос на претходниот период, до овој момент имаме една позитивна слика дека вирулентноста односно моќноста, патогената активност на овој вирус е намалена.
Сега не е време да се обвинуваме, да го бараме виновникот за тоа зошто не се спроведени и не се испочитувани мерките за превенција од корона вирусот.
Одговорот на нашата неодговорност резултира со воведување нови рестриктивни мерки коишто се донесени на седница на влада по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на зараза од Ковид 19.
Самите одлуки коишто ги донесе владата на вчерашната седница гласат:
1. Забрана на движење во сите општини од град Скопје, забрана за движење на град Штип, забрана за движење на град Куманово и Липково,забрана за движење на град Тетово со Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце , Куманово, кај што оваа забрана започнува од денеска од 04 јуни (четврток) во 21 часот и ќе трае до 05.00 часот на 08 јуни (понеделник)
2. За останатите општини ќе важи делумен полициски час којжто ќе биде денеска (четврток) 04 јуни, че започне од 21.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 05 јуни а за петок , сабота и недела во овие општини ќе важи полициски час кој ќе започне од 16.00 часот до 05,00 часот до (понеделник) 08 јуни. Донесена е одлука за забрана на посета на гробишта освен во случај на погреб и донесена е одлука дека петок 05 јуни ќе биде прогласен за неработен ден.
Ние сме горди и силни македонски граѓани кои со векови наназад сме успевале да победиме , сме успевале да ги пребродиме сите кризи и препреки и сме успевале да се адаптираме на секоја нова реалност.
Денеска се соочуваме со една состојба кадешто се бара од нас зголемување на нашата општествена и социјална одговорност, се бара една сложеност и сплотеност со цел да ги почитуваме и темелно да ги спроведуваме препораките коижто ги донесе Министерството за здравство а тоа се:
1. Социјална дистанца 1.5-2 метри
2. Носење на заштитни маски во затворен простор, меѓута носење на маски и на отворен простор кога неможеме да ја одржиме таа социјална дистанца
3. Задолжителна дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.
Сега е период кога ние мораме да бидеме сплотени, мораме да бидеме мудри и пред се да бидеме трпеливи. Вирусот Ковид 19 е присутен сега меѓунас и овој вирус ќе биде присутен и во наредниот период.
Меѓутоа со взаемна сплотеност, со заедничка упорност, со дисциплина и со применување и почитување на сите мерки, совесно, од Министерството за здравство, ќе успееме да ставиме контрола над оваа пандемија и ќе успееме да си го вратиме животот во една нова нормала.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки