Утрински Весник
Магазин

Бесплатен влез за здравствените работници во музеите во Ватикан

Бесплатен влез за здравствените работници во музеите во Ватикан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 4 јуни 2020 (/) – Здравствените работници во Италија ќе можат бесплатно да ги посетат музеите во Ватикан како еден знак на благодарност за нивните напори во борбата против Ковид-19, соопшти Светата столица.

Оваа понуда за тура низ музеите, во која спаѓа и познатата Систинска капела, ќе стапи во сила од 8. до 13 јуни. Лекарите, медицинските сестри и други медицински лица, ќе можат бесплатно да ја видат и папската летна резиденција во Кастел Гандолфо, бесплатно, за време на викендите на 6. и 7 јуни и 13. и 14 јуни.

Здравствените работници можат со себе да поведат едно лице, кое исто така ќе добие бесплатна влезница, се вели во соопштението на Ватикан.

Стандарден билет за музеите во Ватикан чини 17 евра, а за Кастел Гандолфо, што се наоѓа на 30 километри југоисточно од Рим, цената е 11 евра.

Музеите на Ватикан повторно беа отворени за посетителите на 1 јуни, по тримесечната вонредна состојба во земјата заради сузбивање на корона-епидемијата.

Италија е една од државите најмногу погодени од пандемијата. Досега, вкупно 33.500 луѓе почина од коронавирусот, а заразени се 233.500 лица. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk