Утрински Весник
Македонија

Aвтобусите на ЈСП и возовите со изменет возен ред поради полицискиот час

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Железници на РСМ-Транспорт објавија план за сообраќај на патничките возови во услови на ограничено движење со важност од денеска на полноќ до 7 јуни до 24 часот.

Денеска (4 јуни) нема да сообраќаат следниве возови: возот Скопје – Гевгелија – Скопје, кој од Скопје поаѓа во 16:55 часот; возовите на релација Скопје – Битола – Скопје, кои поаѓаат од Скопје во 14:30 и 20:11 часот, како и од Битола за Скопје во 18:27 часот; возот на релација Скопје – Табановци – Скопје, кој од Скопје поаѓа од 20 часот и од Табановце во 21:22 часот и возот на релација Скопје – Велес, кој по возен ред поаѓа од 22:40 часот. Возот на релација Скопје – Кочани, со поаѓање од Скопје во 15.24 часот, ќе сообраќа само до Велес.

Во понеделник (8 јуни) нема да сообраќа возот на релација Скопје-Гевгелија-Скопје, кој од Гевгелија поаѓа во 04:23 часот. Потоа возот на релација Скопје-Битола Скопје, кој од Битола поаѓа во 3:14 часот. Возот на релација Скопје-Табановце-Скопје, кој од Скопје поаѓа во 03:57 часот и кој од Табановце поаѓа во 05.15 часот. Во понеделник (8 јуни) нема да сообраќа и возот Кочани-Скопје, кој од Кочани поаѓа од 05.26 часот.

„Во понеделник, на 8 јуни на релација Скопје – Велес, ќе сообраќа ад-хок патнички воз со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот. На релација Велес – Скопје, воз бр. 600 ќе сообраќа со променет возен ред, со задоцнување од 97 минути и поаѓање од Велес во 06.40 часот. Во понеделник воз број 600 на релација Скопје – Табановци и воз бр. 611 на релација Скопје – Гевгелија, ќе сообраќаат по возен ред, од станица Скопје,“ информираат од Железници на РСМ-Транспорт.

Во петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат. Возовите на релација Скопје – Кичево – Скопје нема да сообраќаат додека трае забраната за организиран превоз во полошкиот регион.

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје исто така информираше дека од денеска од 21 часот, па до понеделник до 5 часот, јавниот превоз во градот нема да функционира.

Оттаму посочуваат дека времениот прекин е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на населението во посочениот период на територијата на Скопје.

ЈСП наведува дека јавниот превоз денеска ќе функционира до 21 часот.

„Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред,“ соопштуваат од ЈСП.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег