Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од два метра и да нема групирање, наведе на неговиот фејсбук-профил, лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој нагласи дека коронавирусот е реалност и никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.
– Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој. Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас, апелир Заев.см/са/