Утрински Весник
Македонија

Променливо време за претстојниот празничен викенд

Утре променливо облачно со локален дожд

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Променливо време, повремено со пороен дожд и грмежи, и температури до 30 степени, најавуваат синоптичарите за време на претстојниот продолжен карантински празничен викенд.

Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а во сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информраат од УХМР.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите