Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на локалниот пат за долнореканското село Скудриње

Почна реконструкцијата на локалниот пат за долнореканското село Скудриње

Дебар, 4 јули 2020 (МИА) – Започнаа градежните активности во рамки на проектот за реконструкција на локален пат за долнореканското село Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Во тек се припремни активности, како што е гребење на стариот асфалт и земјени работи на патот онаму каде теренот дава можност за проширување.

– Станува збор за пат во должина од 2.500 метри, од клучката на влезот во селото, односно од местото наречено Пороишта до населбата „Падина“ или старата амбуланта, кој е асфалтиран пред повеќе од триесет години и беше со многу оштетувања, изјави градоначалникот Медат Куртовски, кој одблиску се запозна со текот на работите.

Додава дека финансиските средства за овој проект се обезбедени преку кредит од Светска банка, од проектите за подобрување на општинските услуги – МСИП при Министерството за финансии.

– По спроведената потребна процедура на нашата општина и беше овозможено користење на средства кои се наменети за имплементација на проекти кои се наменети за подобрување на локалната инфраструктура во руралните општини. Проектот за реконструкција на локалниот пат за Скудриње чини 11.496.037 денари, -посочува Куртовски.

Според договорот изведувачот градежното претпријатие „Пелагонија“ А.Д. Гостивар во конзорциум со Еуроедил, проектот треба да го финализираат во рок од 40 дена од почетокот на работите.

Во селото Скудриње, кое е едно од најголемите долнорекански села, живеат околу 3.500 жители, кои со реализација на овој проект ќе добијат подобри услови во патната инфраструктура.

Инаку, ова е само еден од низата проекти, кои ги реализира локалната власт во правец на подобрување на условите за живот на жителите во оваа општина.вт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци