Утрински Весник
Македонија

Двајца вработни во ДЗС повредени при експлозија на противградна ракета

Двајца вработни во ДЗС повредени при експлозија на противградна ракета

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување вчера се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.

– Вчера во 13:00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета, соопштуваат од МВР.

Според пријавеното, како што наведуваат, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни.

– При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош, се вели во ссопштението на МВР.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Свети Николе.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации