Утрински Весник
Македонија

Над 110 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

Над 110 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но сè уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.

Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.

Ова е највисок број на заразени во еден ден во земјава. Досега најмногу заболени, 107, беа евидентирани на 16 април. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче