Утрински Весник
Македонија

Издадени 435 решенија за изолација и 75 за самоизолација, 641 лице не носеле маска

Нова нормалност

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – На територијата на државата, во текот на изминатото деноноќие на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се осум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика

Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”

 Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите