Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките, ќе успееме да го совладаме коронавирусот

СДСМ: Третиот пакет економски мерки ќе ја зголеми приватната потрошувачка и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги

 

Скопје, 4 јуни 2020 

Со цел да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, одлучи во текот на продолжениот викенд  да воведе одредени рестриктивни мерки со различен интензитет во различни делови од државата.

Ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.
Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.
Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме.
Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа  резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме.
Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е Општина Дебар.
Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.
Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање.
А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.
Упатуваме голема поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.
Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик.
Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!
СДСМ

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт