Утрински Весник
Спорт

Гигантите имаат 12 дена да го привлечат Тимо Вернер

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер
Ss2

Лајпциг, 3 јуни 2020 (МИА) – 12 дена – толку време имаат фудбалските гиганти доколку сакаат да го привлечат напаѓачот на РБ Лајпциг – Тимо Вернер, со активирање на неговата откупна клаузула од 55 милиони евра, информира британското издание „Скај спортс“.

Главни претенденти за тоа се Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челзи. Таа истекува на 15 јуни (понеделник) и потоа екипите нема да можат да ги искористат нејзините предности. „Црвените“ од Мерсисајд изгледаат како најзаинтересирани.

300x250 (7)

Сепак, тие не се подготвени да ја платат потребната сума од 55 милиони евра, особено со оглед на моменталната финансиска состојба во фудбалот.

Германските шампиони Баерн Минхен исто така имаа амбиции, но бргу се откажаа.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам