Утрински Весник
Македонија

Министерот Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска во 13 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Целта на состанокот, како што се посочува, е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки. Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување, стои во соопштението. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турското знаме подигнато пред Општина Кичево

Нигериец нападнал полицаец пред диско во Градски парк, полицијата му одзела пиштол и 30 куршуми

СДСМ: Каде е милјардата што ја ветуваше Мицкоски за чист воздух?