Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска во 00.45 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ ги лишиле од слобода Г.П.(39) и Ж.Љ.(32), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17 часот на ул.„Финска“ го лишиле од слобода И.М.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 20.30 часот  на ул.„Владимир Полежановски“ го лишиле од слобода И.Г.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 20.50 часот  на ул.„Самоилова“ при извршен преглед кај Е.А.(20) од Скопје пронашле и одзеле нож на расклопување.

Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Франгово вчера кај струшкото село Радожда ја лишиле од слобода Н.Н., бидејќи при претрес во нејзиниот дом биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба, за кои постои претходно сознание дека се предмет на криумчарење.

Претресот е извршен со наредба од јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера, 2 јуни, била пронајдена Е.Ј.(14) од Крива Паланка, за која на 29 мај 2020 во Полициската станица Крива Паланка нејзиниот татко А.Ј.(45) од Крива Паланка пријавил дека се оддалечила од домот.

Ноќеска во 1.30 часот било пријавено дека на автопатот СветиНиколе – Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото.

Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера околу 13.15 часот било пријавено дека на ул.„Никола Оровчанец“ во Велес, на преминот преку железничката пруга Велес – Градско, А.Б.(51) од Велес, управувајќи мопед „џенерик хор“, со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди.

Повредите се констатирани во болницата во Велес, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош. Бил извршен увид на местото на настанот.

Вчера во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосека, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во Е.О. од Авганистан.

Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Неготино.

Вчера во 13 часот било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(49) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Р.С.(55) од Скопје.

По незгодата Р.С. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување  лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Б.Ј.(64) од Скопје вчера во 21.50 часот во Полициската станица Аеродром  пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник.

Во Полициската станица Куманово вчера во 20 часот било пријавено дека околу 18.50 часот на патека на ул.„Лесковачка“ во Куманово малолетник, кој бил заедно со неговата мајка М.М., бил каснат од куче кое било без заштитна корпа, сопственост на непознато лице.

Малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Ѓорче Петров вчера во 22.30 часот  Т.С.(41) Скопје пријавила дека нејзината 14-годишна ќерка била касната од куче скитник на ул.„Кичевска“.

Во текот на 2 јуни 2020 на подрачјето на СВР Скопје санкциониран е еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Полициските службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилото, користење сигурносен појас, зборување на мобилен телефон при управување возило, поседување на возачка дозвола.

Притоа се констатирани седум нерегистрирани возила, четири возачи управувале возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол управувале три лица и тие се исклучени од сообраќај, брзината ја надминале 13 возачи, сигурносен појас не користеле тројца возачи, а двајца други зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилноти се издадени  соодветни налози.

СВР Тетово вчера реализираше сообраќајно-контролни активности во Тетово, во чие средиште е паркирањето и управувањето без положен возачки испит.

Притоа, биле откриени 18 непрописно паркирани возила, седум лица кои управувале возила без валидни возачки дозволи, еден возач бил со важечка забрана и шест возила со истечена регистрација. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме