Утрински Весник
Македонија

Кумановското претпријатие „Чистота и Зеленило“ набави два камиони за собирање смет

Кумановското претпријатие „Чистота и Зеленило“ набави два камиони за собирање смет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 3 јуни 2020 (МИА)Кумановското јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ со сопствени средства  набави две нови возила за собирање смет. За набавка на двете возила со кои ќе се подига сметот од потесните улици во Куманово, претпријатието одвои пет милиони денари.

Се надевам дека со возилата ќе ја подобриме услугата кон граѓаните. Би сакал да апелирам до граѓаните да внимаваат и непропосно  да не ги паркираат  своите возила, бидејќи тоа претставува најголем проблем во работењето на јавното претпријатие за да можат вработените непречено да ги вршат  работни обврски-изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.

Општина Куманово заедно со општините од североисточниот и источниот регион преку проект заеднички ќе го депонираат сметот на една локација и во рамки на овој проект се очекува Куманово да добие одреден број на возила за изнесување на смет.

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ располага со 17 возила за собирање смет. ам/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус