Утрински Весник
Македонија

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Без струја утре делови од општина Кисела Вода

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар, Гази Баба и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул. 6 во село Бардовци, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од бул. „11 Октомври“ бр. 6, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. 5 во село Јурумлери, дел од ул. 6 во село Јурумлери, фирмата „Коки Д Компани“ и околните улици до трафостаницата во истото село, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Кичевска“, „Ибе Паликуќа“ и „Зендел Ајдини“, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:15 до 15:45 без струја ќе бидат корисниците од ул. „Никола Киров Мајски“ броевите 7а, 9, 11, 13 и зграда 55, ул. „Париска Комуна“ зграда бр, 99 и ул. „Благоја Стефковски“ зграда бр. 55, Општина Гази Баба. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Бектеши ја објави пораката за кој доби кривична пријава, смета дека станува збор за политички прогон