Утрински Весник
Македонија

Меѓународно истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

Повторно раст на новозаболени од Ковид-19, Тетово ново жариште

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје. Универзитетската клиника за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје, соопшти Министерството за здравство.

Од Клиниката информираат дека во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за државава е токму Клиниката за психијатрија.

Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата со Ковид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони, стои во соопштението

Линк до истражувањето „КОВИД-19 и ментално здравје“: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd4AnzbOPFUz5oCh5c4ofXcFFKr_5wm8MMa77_x69fqH1bINA/viewform.

Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот и да се грижиме за нашето ментално здравје, посочуваат од Министерството за здравство. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првата група студенти го заврши првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство