Утрински Весник
Спорт

Холанд може да го пропушти мечот со Херта поради повреда

Холанд нема да игра против Падеборн поради повреда

Дортмун, 3 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд може да го пропушти натпреварот од 30. коло од Бундеслигата против Херта поради повреда на коленото, јавуваат германските медиуми.

Претходно, Норвежанецот не можеше да игра на дуелот со Падерборн (6:1).

Фудбалерот го пропушти последниот тимски тренинг. Тој веројатно има истегнување на внатрешниот латерален лигамент на коленото.

Натпреварот Борусија – Херта е закажан за 6 јуни.

Деветнаесет годишниот напаѓач оваа сезона има 14 настапи за Борусија и постигнато 13 гола и остварено три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера