Утрински Весник
Спорт

Премиерлигашите добија дозвола за пријателски натпревари во подготовките за продолжување на сезоната

Њукасл ќе гради силен тим со парите на новите сопственици

Лондон, 3 јуни 2020 (МИА) – На клубовите од Англиското фудбалско првенство им е дозволено да играат пријателски натпревари во подготвителниот период пред продолжување на сезоната.

Според „Телеграф“ дозволено е да се спроведе спаринг против екипи до кои може да се стигне побрзо, најмногу за еден и пол час, а секој играч мора да дојде со личен превоз. Покрај тоа, нема да има официјални судии на ваквите натпревари.

Продолжувањето на сезоната во англиската Премиер лига, прекината поради пандемијата на коронавирус, е закажано за 17 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп