Утрински Весник
Македонија

Османи: Нема друг датум за избори освен 5 јули

Османи: Нема друг датум за избори освен 5 јули

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите и законски и логични.

– Ставот ние го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. Јас очекувам дека ќе постигнеме договор за 5 јули, за да ги вратиме институциите. Меѓутоа кога би ставил пак „на вага“ еден да заболи од изборниот процес, па макар и асимптоматски да биде, дали вреди сето тоа. Така што еве во овие две недели да ги следиме трендовите, нагласи Османи во интервју на телевизија Телма.

Тој истакна дека последната воведена двонеделна вонредна состојба им помогнала како Влада да работат помалку под притисок на роковите и да се фокусираат на здравствената состојба во овој период, а во меѓувреме да продолжат да разговараат со политичките партии.

– Јас не очекувам граѓаните да не разберат, но ние како министри кои што функционираме на дневна основа знаеме колку ни треба што побрзо функционален Парламент и политичка Влада, така што ние сме во една тешка позиција на наметната ситуација поради ова со Собранието за којашто никој не е виновен. Собранието се распушти на 12 февруари кога никој не знаеше дека ќе имаме епидемија тука во државата, потенцираше Османи. см/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина