Утрински Весник
Македонија

Обезбедени се пари за функционирање на државата до крајот на годината

Мицкоски: На економијата и требаат итни мерки и пари веднаш

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) Сите пари за нормално функционирање до крајот на годината се обезбедени, во смисла на плати, на пензии, на други трансфери. Не можеме целосно да процениме што ќе се случи до декември, но очекуваме дека сите аспекти ќе се подобрат, и здравството и економијата, еве во мај имаме зголемен прилив во буџетот за разлика од април. Ќе имаме дополнителни економски раздвижувања, не ги прекинавме капиталните инвестиции, правиме се да ја одржуваме државата економски активна, наведе техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој во интервјуто на Телевизија 24 нагласи дека и оваа година државата има милионски долгови и камати заради долговите на ВМРО ДПМНЕ.

– Наш став беше дека партиите не треба да ги земаат државните пари за оваа година кои им следат според закон. И ние ќе останеме на тоа, иако други партии не се согласуваат. Тоа е исто како и со функционерите, нашите ги донираат платите, другите не го прават тоа. Ќе размислиме дали со уредба можеме да ги ограничиме парите за партиите од буџетот, изјави Спасовски.

Според него, државата е подготвена да се справи и со трет бран на корона вирусот, но само ако има функционални институции, како парламент и политичка влада.

Тој напомена дека опозицијата манипулира со информации дека СДСМ поткупува гласачи.

– Не можам да се сложам дека хуманитарните активности во време на пандемија се поткуп на гласачите. Па сите држави носат мерки за заштита на граѓаните и на економијата. Да имавме избори на 12 април и да немавме пандемија немаше да носиме вакви мерки за спас на стопанството и за заштита на здравјето. Оттаму, секој вид помош за граѓаните во време на пандемија не може и не смее да се толкува како поткуп, односно да се користи во политички и предизборни цели, потенцираше премиерот Спасовски. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!