Утрински Весник
Македонија

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат (ДПЛ)

Нови 22 случаи со Ковид-19, оздравени 50 пациенти, двајца починати

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство.

Министерството за здравство во соопштението посочува дека од новорегистрираните случаи 52 се од Скопје, 14 од Тетово, по двајца од Куманово, Велес и Гостивар и по еден од Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.

Од 26-те оздравени пациенти што ги регистрира Институтот за јавно здравје, 12 се од Скопје, 11 од Тетово, двајца од Куманово и еден од Гостивар.

– Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56 г.) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на Ковид, потврдена позитивна по прием во болница, се додава во соопштението.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Последната дистрибуција по градови е следната:
•       Скопје 928, активни 338
•       Куманово 469, активни 55
•       Дебар 51, активни 0
•       Штип 104, активни 69
•       Прилеп 212, активни 30
•       Тетово 231, активни 86
•       Струга 84, активни 12
•       Велес 132, активни 29
•       Битола 28, активни 3
•       Охрид 23, активни 6
•       Кавадарци 5, активни 0
•       Гостивар 29, активни 8
•       Гевгелија 4, активни 0
•       Струмица 4, активни 2
•       Крива Паланка 6, активни 0
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 3, активни 0
•       Кочани 38, активни 7
•       Пробиштип 3, активни 1
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 2, активни 0
•       Пехчево 3, активни 0
•       Берово 1, активни 0
•       Валандово 2, активни 1
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 2, активни 2
•       Кичево 3, активни 1
•       Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

– Направените вкупно 885 теста се: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128.  Досега во земјата се направени вкупно 31.187 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на Ковид-19, се додава во соопштението.

До утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се шест пациенти, со што бројот на хоспитализирани достигна вкупно 40. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ се примени девет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 31. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, се додава во соопштението. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ