Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Владата на денешната седница усвои ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 проценти од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.
– Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби, се додава во соопштението од 60-та владина седница.
На оваа седница Владата усвоила и Протокол за спроведување на проверка на способностите за спортските вештини на учениците кои имаат интерес за запишување на Државното средно училиште „Спортска академија“, со кој се опфатени препораките за подготовка и уредување на спортските терени каде што ќе се спроведува проверката на вештините, начинот на пријавување, како и текот и организацијата на селективниот тренинг. сп/