Солена бајадера од пилешко месо, сувомеснато и кашкавал
За тоа колку е вкусно ќе оставам вие да кажете од кога ќе пробате, а колку е брзо и лесно за правење ви кажувам со гаранција.
Месото исечете го на отприлика 6-7тенки парчиња(околу 5-6мм) и исчукајте ги. Најпрво наредете ред од пилешкото и попрскајте со масло и зачини. Ставете ред сувомеснато, ред кашкавал и ред сланина, па над нив повторно парчиња од пилешкото месо. Прелијте со изматена павлака со јајце и можете да наросите сусам. Печете во загреана рерна на 200 С околу 30-40 минути.
View this post on Instagram