Утрински Весник
Македонија

Пред почетокот на сезоната сите спортисти ќе се тестираат за Ковид-19

Одложен натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Фарски Острови
Dik 300x250 mk

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека на состанок, претставници од Фудбалската федерација на Македонија и членовите на Комисијата за заразни болести донеле одлука да се тестираат сите спортисти пред почетокот на сезона, како и лицата кои се инволвирани во тренинзите.

– Во Фудбалскиот сојуз имаше состанок со членови на Комисијата за заразни болести каде што било разговарано и потврдено дека пред почетокот на сезоната ќе се истестираат сите коишто се дел од тој тренинг и процес на одржување на натпреварите. Тогаш од страна на Институтот за јавно здравје е излезено во пресрет дека ќе ги извршат сите тестирања. Значи тој процес бил на тој начин договорен и секако, нема да се продолжи ниту пак да се иницира нешто што може да го загрози здравјето на спортистите, рече Филипче, одговрајќи на новинарско прашање околу тоа дали останува препораката да има тренинзи во групните спортови, со оглед на тоа што во „Шкендија“ се потврдени два позитивни случаи на Ковид-19.

Тој посочи дека донеле одлука да почнат индивидуалните спортови како тенис, а во однос на тестирањата  за групните спортови, истакна дека тоа е договорено на официјалниот состанок на Федерацијата и Комисијата за заразни болести.см/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво