Утрински Весник
Спорт

Блатер: Инфантино сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари

Блатер раскажа како го налутил Флорентино Перез

Цирих, 2 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер го критикуваше неговиот наследник на чело на централата, Џани Инфантино.

– Се испостави дека Инфантино се обидувал да го расчисти патот до претседателската позиција.Тој сака да го претвори фудбалот во огромна машина за пари. Светскиот куп е проширен на 48 екипи, проектот „Гол“ е преименуван затоа што сака трипати повеќе пари. Инфантино е себичен и страда од манија за величина. Во својата ароганција, тој веќе не комуницира со претседателите на фудбалските федерации, туку само со шефовите на држави, изјави Блатер, цитиран од „Дејли Мејл“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп