Утрински Весник
Македонија

Нови 67 случаи со коронавирус во државава, 25 оздравени и еден починат

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Од вкупно 868 направени тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 67 позитивни пациенти на Ковид-19. Се уште не се пристигнати бројките од една приватна лабораторија и во следните неколку часа ќе биде објавена и деталната статистика по градови. Има 25 оздравени пациенти, и еден починат пациент.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека до изутрината на Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени шест пациенти и сега се хоспитализирани вкупно 40, Таму нема пациент, кој е на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16 пациенти.

– Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 27 позитивни на Ковид-19, од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во болницата во Битола хоспитализирани се седум пациенти, а во болницата во Штип 14. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно се хоспитализирани 27 пациенти кои се позитивни на вирусот, посочи Филипче. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите

Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

Хотел ,,Ембла” ќе биде домаќин на ВМ Класик Рели – Запад