Утрински Весник
Македонија

Второ третирање против ларви од комарци во Гевгелиско

Второ третирање против ларви од комарци во Гевгелиско
Dik 300x250 mk

Гевгелија, 2 јуни 2020 (МИА) – На подрачјето на градот Гевгелија и неговата поблиска околина се изврши второто ларвицидно прскање против комарци со посебно внимание на површините со неистечна вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.

-Теренското третирање против ларви од комарци се спроведе со гранули на површина од околу 10 хектари, лоцирана претежно покрај вода и водени површини кои беа обележени како лежишта на комарци покрај бреговите на реката Вардар, особено долж нејзиниот тек од селото Мрзенци до Гевгелија, посочија од компанијата „Лиса“, која е избрана за извршување на оваа операција.

Од Општина Гевгелија пак потврдија дека по реализацијата на второто ларвицидно прскање ќе следуваат уште три прскања против возрасни комарци кои исто така ќе се извршат теренски.

Покрај ова во Гевгелиско заврши и пролетната дератизација на околу 1.400 шахти во кои беа поставени и мамки за глувци. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници