Битола, 2 јуни 2020 (МИА) – Општина Битола во соработка со Швајцарската агенција за обнова и развој и УНДП почна адаптација и реконструкција на урбана заедница во месноста Баир и изградба на ново спортско игралиште.
Проектот е во функција на социјалната инклузија на локалното население и збогатен спортски и културен живот во тој дел на градот.
-Средствата се обезбедени и очекуваме за 30 денови на граѓаните да им понудиме нов објект кој непречено ќе го користат. Нашата програма предвидува вклучување до основните клетки односно урбаните заедници како дел од локалната самоуправа и затоа го оплеменуваме и овој простор, истакна градоначалникот на Битола Наташа Петровска при промоцијата на новиот општински проект.
Швајцарската агенција за обнова и развој обезбеди 402.000 денари, а Општина Битола 450.000 за реализација на проектот.
Според Ремзи Медик, претседател на НВО „Баирска светлина“ соработката со општината е континуирана и јавно се заблагодари реализаторите на проектот кој како што рече ќе овозможи подобри услови за активностите на ромската заедница во Битола. мт/дма/