Утрински Весник
Економија

Контрола на полицијата и пазарен инспекторат за работното време на локалите во Тетовско

Контрола на полицијата и пазарен инспекторат за работното време на локалите во Тетовско
Dik 300x250 mk

Тетово, 2 јуни 2020 (МИА) – При контрола на угостителски објекти, во тетовско Доброште е утврдено работење на локал подолго од дозволено, соопшти денеска СВР Тетово. Во содејство со Државен пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 58 угостителски објекти во изминатото деноноќие на тетоското подрачје.

 -Во овој период  за неносење заштитни маски на вкупно 84 лица  изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба, што предвидува глоба од 20 евра, информира СВР Тетово.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (1/2.06), нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 128 лица, додека вкупно биле контролирани 230 лица со такви решенија.  Исто така,  изјави за самоизолација потпишале вкупно 20 лица (ТЕ), а контролирани биле 50 лица со потпишани изјави за самоизолација.ас/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”