Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ на средба со угостителите од Центар

Богдановиќ на средба со угостителите од Центар

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска се сретна со претставници на угостителите од општината, со цел успешно и ефикасно организирање на работата на угостителските објекти во услови на криза. На состанокот присуствуваа и инспекциските служби од општината, командирот Милисав Мијаличиќ од Полициската станица – Центар и главните инспектори од СВР – Скопје.

Во текот на неделата, како што соопштија од Општината, ќе се организираат повеќе состаноци со угостителите, распоредени територијално и етапно, со цел почитување на мерките и препораките за зголемена безбедност и со спроведување безбедносен протокол пред одржување на секој состанок.

– Состанокот се одржа по иницијатива на Општина Центар, Полициската станица – Центар и СВР – Скопје заради актуелната ситуацијата со кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Со угостителите разговаравме за реорганизација на работата на угостителските објекти, обезбедување услови за зголемување на нивниот капацитет на работа врз основа на насоките и препораките од надлежните институции, изјави Богдановиќ.

Општината, се вели во соопштението, ќе ги разгледа сите барања и предлози и ќе се реализира сè што е неопходно за нормално функционирање на објектите, со доследно почитување на препораките за заштита од вирусот и во согласност со законската рамка.

– Согласно препораките на Владата и Министерството за здравство, СВР – Скопје и ПС – Центар по предлог на Општина Центар, ќе преземат зголемени превентивни мерки за почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и наоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат угостителите, изјавија претставниците од СВР – Скопје.

Командирот на ПС – Центар Мијалчиќ посочи дека благодарение на донацијата на велосипедите и велосипедската опрема од Општина Центар, ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекисна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината.

– Во наредниот период, Општина Центар во соработка со ПС – Центар и СВР – Скопје ќе преземе мерки кои ќе овозможат поддршка во работењето на угостителите во услови на пандемија, како и поголема безбедност за жителите на Центар, се вели во соопштението од Општината. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал