Утрински Весник
Македонија

Барање за финансиска поддршка за исплата на плата за мај, работодавците може да поднесат до 7 јуни

Компаниите доставиле 136 барања до Развојна банка за бескаматни кредити

Владата информираше дека барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај, работодавците може да поднесат до 7 јуни.

Барањата пак за субвенционирање на 50 отсто од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност се до 5 јуни.

„Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сè уште во постапка на проверување и обработување. Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица,“ информираат од Влада.

Комбинацијата на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50 проценти од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени, од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам.

Само мерката субвенционирање на 50 проценти од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании, опфатени се 12.011 вработени лица.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина