Утрински Весник
Македонија

Информацијата на МОН за упис на студенти во 2020/2021 на владина седница

Влада: Објавените е-маил адреси на министерствата за финансии и економија се од стар систем, лозинките се променети пред повеќе години

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Владата денеска ќе ја одржи 60-тата седница преку видеоконференциска врска на која на предлог на Министерството за образование и наука на дневен ред ќе биде информацијата со предлог за број на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии во учебната 2020/2021 година на јавните универзитети.

Информацијата се однесува на запишувањето студенти на универзитетите  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, Джавниот универзитет во Тетово, „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и  „Мајка Тереза“ во Скопје.

На дневен ред е и Предлог-одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на овие високообразовни установи.

Како што најави владината прес-служба, на дневен ред на денешната седница Владата ќе го разгледа и конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на усогласеност на институционални капацитети на јавните обвинителства во земјава за реализација на надлежностите.

Владата ќе го разгледа и вториот шестмесечен извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС во судовите за 2019 година.

На денешната седница ќе се разгледаат и усвојат записниците од 64-от и 65-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржани на 1 и на 2 јуни 2020 година. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клековски: За само една година два пати ја проширивме позитивната листа на лекови, тоа значи реална заштеда на граѓаните

Мицкоски: Граѓаните го препознаваат новиот пристап на работење, дека не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, отчетност и еднаквос

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто