Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија се обновува хоризонталната патна сигнализација

Во Гевгелија се обновува хоризонталната патна сигнализација

Гевгелија,2 јуни 2020 (МИА) – Низ гевгелиските улици денеска почна акцијата за машинско обновување на хоризинталната сообраќајна сигнализација која на возачите ќе им овозможи подобра прегледност на улиците, а секако и поголема безбедност во сообраќајот што е наша примарна цел, велат од надлежната општинска служба.

Од локалната самоуправа посочија дека, според договорот со изведувачот на работите, обновата на хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе се изврши на вкупна површина од 4.000 метри квадратни од кои на 3.500 метри квадратни со бела боја ќе се означат пешачките премини како и средните и рабни линии на сообраќајните ленти, со жолта боја на 400 квадрати ќе се обележат автобуските и такси стојалишта и на 100 квадрати со црвена боја ќе бидат означени кружните сообраќајни текови.

За обновата на хоризонталната сигналиција општина Гевгелија од сопствениот буџет издвои околу 400.000 денари. им/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме