Утрински Весник
Македонија

Нема позитивни кај вработените во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод

Нема позитивни кај вработените во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод

Прилеп, 2 јуни 2020 (МИА) – Нема ниту еден позитивен на коронавирусот од вработените во детските градинки во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. Сите 242-јца вработени се негативни.

Ова се резултатите од скринингот на вработените во градинките кои беа тестирани на 28 и на 29 мај.

Според општините, во Прилеп се 192 лица, во Кривогаштани пет вработени, во Крушево 21 и 24 вработени во Македонски Брод. ем/вг/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот