Ливерпул, 2 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, побара од неговите избраници да не се опуштаат кога е во прашање борбата за на титулата во Премиер лигата, иако црвените имаат огромна предност пред конкурентите.
– Убаво е да се размислува за тоа, но сè уште не сме шампиони и тоа го знаеме. Знаеме дека сме многу блиску, но работата не е завршена. Сè уште не сме шампиони. Ливерпул мора да игра и да победи и на следните натпревари. Не сакаме да престанеме да победуваме по два или повеќе натпревара. Треба да работиме многу напорно, изјави Клоп.
По 29 рунди во Англиското фудбалско првенство, Ливерпул е лидер пред второпласираниот Манчестер сити со 25 бода предност. зс/