Утрински Весник
Македонија

Потопло време, но и поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на  нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За утре УХМР најавува максимални температури од 19 до 25 степени, по што во наредните пет дена таа ќе достигне и до 32 степени. Минималните температури ќе се движат во интервалот од 5 до 17 степени.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд,  повремени поројни и на места проследени со грмежи. Ќе дува умерен засилен претежно северен ветер, најизразен долж Поварадарието.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа