Утрински Весник
Македонија

Голем интерес за субвенционирање велосипеди во Струмица

Голем интерес за субвенционирање велосипеди во Струмица

Струмица, 2 јуни 2020 (МИА) – На првиот ден од објавувањето на јавниот оглас за субвенционирање за купување нов велосипед од страна на Општина Струмица 52 граѓани поднеле апликации за субвениции, соопштија од Општината.

-Вчера до 16 часот, 52 граѓани поднеле апликации за субвенции, а во текот на денешниот ден бројката на заинтересирани постојано расте, информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски вчера соопшти дека субвенцинирањето е до максимални четири илјади денари, односно до исцрпување на средствата што се определени за таа намена. Вкупниот износ што ќе го субвенционира општината изнесува околу 800 илјади денари, а оваа мерка ќе важи до 30 септември годинава. Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. рт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа