Утрински Весник
Македонија

Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер

Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер

Брисел, 2 јуни 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ја видов најавата на владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под Ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер, рече Вархеји.

Еврокомесарот најави дека преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија ќе биде објавена „во наредните денови“ и дека целта на Европската Комисија е прашањето да се стави на масата на министрите за европски и надворешни работи на ЕУ идната недела.

Извештаите за напредокот на земјите од регионот се одложени за есен.тм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот