Утрински Весник
Економија

Од полноќ бензините поевтини за половина денар

Поскапуваат горивата – „еуросупер 95“ за три, а „еуросупер 98“ и еуродизелот за 2,5 денари

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – За половина денар од полноќ се намалува цената на нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека во следниот седумдневен период ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 57 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 по цена од 59 денари за литар, а новата цена на дизелот ќе биде 49 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, додека цената на мазутот се намалува за 0,167 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 23,260 ден/кг.

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,69 проценти, што се должи на падот на цената на нафтените деривати на светскиот пазар. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

БДП во 2025 година по жител изнесувал 9.859 евра

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година