Утрински Весник
Македонија

Османи: Бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 уште позагрижувачки, да се почитуваат превентивните мерки

Османи: Бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 уште позагрижувачки, да се почитуваат превентивните мерки

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на неговиот фејсбук профил објави дека денеска бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 е уште позагрижувачки и апелира да се почитуваат превентивните мерки.

– Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите: не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79 отсто, не биди причина за смртта на најблиските, се посочува на Фејсбук статусот на Османи. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово