Утрински Весник
Политички Партии

По заедничкото гостување со Закири во дебатна емисија, Јанушев се тестирал, ги чека резултатите

Јанушев: Избори спротивни на закон и на штета на здравјето и животот на граѓаните не се опција

 

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска по информацијата дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, со кој пред неколку денови заедно беше гостин во дебатна емисија, е позитивен на коронавирус, вели дека засега е во добра здравствена состојба и ги чека резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот, пишува Јанушев на својот фејсбук профил, ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.

-Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето! На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт