Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на ДУИ за финансиска поддршка за учениците и студентите

Прес-конференција на ДУИ за финансиска поддршка за учениците и студентите

 

Скопје, 31 мај 2020 

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Создавањето на повеќе и подобри животни можности за младите во Северна Македонија е стратешка определба на Демократската унија за интеграција. Поддршката кон нив е неизоставен дел од сите наши политики и од нашето делување како политички субјект. Таа поддршка е особено изразена сега во овој кризен период на пандемија кога преку низа мерки се обидуваме да им помогнеме на младите да се адаптираат на новата реалност, особено да не бидат предизвикани последници по нивната едукација и да не почувствуваат потешкотии, најмногу од економска природа.

Во таа насока, Демократската унија за интеграција како дел од актуелната владина гарнитура учествуваше во иницирањето, креирањето и усвојувањето на пакетот мерки за млади вреден 400 милиони денари, со кој ќе се поддржи и одржи нивото на ученичкиот стандард, студентскиот стандард и ќе се зајакне куповната моќ на младите, кога нивните лични приходи или пак, можеби приходите во нивните семејства се намалени.

Една од трите усвоени мерки е доделувањето на платежни картички во вредност од 3000 денари за сите млади на возраст од 16 до 29 години кои имаат статус на редовни ученици во средни училишта и студенти. Мерка која ќе опфати околу 100.000 корисници, кои доделените средства ќе можат да ги искористат исклучиво за купување домашни производи.

За оваа мерка веќе е усвоена уредба во која се дефинирани сите конкретни чекори за имплементација со цел средствата да стигнат до крајните корисници.

Податоците за учениците ќе ги обезбеди Министерството за образование и наука преку ЕСАРУ системот, додека податоците за студентите кои ќе имаат право на оваа платежна картичка ќе ги обезбедат самите универзитети.

Значи, учениците и студентите нема потреба да аплицираат никаде за искористувањето на оваа мерка. Листите со корисници на платежните картички ќе бидат креирани и доставени до Генералниот секретаријат, кој јавно ќе ги објави на портал за оваа намена, водејќи грижа за заштита на личните податоци. Секој кој ќе се пронајде на листите, истовремено ќе добие и информација во која банка ќе може да ја подигне својата платежна картичка.

Ќе потсетам дека во рамки на пакетот мерки за млади, предвидено е и доделување на ваучер во еднократен максимален износ до 6.000 денари за студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата ќе се користат исклучиво за покривање на партиципација за студирање на универзитетите и за сместување во ученички домови, студентски домови и во регистрирани приватни сместувачки капацитети.

Исто така предвидено е и доделување на ваучер во максимален износ до 30.000 денари кој е наменет за млади до 29 години, за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини кои ја зголемуваат веројатноста за брз и успешен настап на пазарот на трудот. За овие две мерки ќе информираме во следните неколку денови.

Инаку, за трите мерки наменети за младите, според проекциите ќе бидат потребни 12 милиони евра, средства кои се веќе обезбедени, а корисниците на истите ќе немаат обврска да ги враќаат.

Почитувани,

Во Демократската унија за интеграција сме горди што делувавме брзо и во еден исклучително кус период донесовме низа одлуки, кои како што кажав на почетокот, имаат големо значење, односно се голема поддршка за младите и за нивно полесно прилагодување на новата реалност.

Остануваме и натаму отворени за дискусии со граѓаните и уверуваме дека секоја конструктивна идеја ќе биде предмет на сериозна анализа и тоа што е возможно и реално остварливо ќе се обидеме да го интегрираме во владините политики со конкретни акциски планови за реализација.

Благодарам!

Рина Пурини од ДУИ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт