Утрински Весник
Економија

Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно“

Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно“

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска соопшти дека следната недела, веднаш штом ги добијат листите со корисници, банките ќе почнат да ги издаваат картичките „Купувам домашно“, а средствата ќе им бидат исплатени директно од Буџетот, преку владината КОВИД програма.

– Уредбата за платежните картички е веќе донесена, деновиве се обработуваат финалните листи на граѓаните кои ќе бидат објавени јавно. Секој што не сака да добие поддршка, може да каже. Очекуваме средствата да бидат префрелни во текот на идната недела или најдоцна после тоа да се изврши исплтата. Не гледаме дека би имало пречка во реализацијата на картичките, се работи за обемен проект кој бараше добра координација меѓу сите институции. Со картичката „Купувам домашно“ граѓаните ќе плаќаат безготовински што ќе влијае на долг рок на креирање на навиките за безготовисно плаќање, но и на справување со неформалната економија, истакна Ангеловска.

Таа ги повкива сите мали и средни бизнси кои немаат посттерминал, да земат, за да можат да ги примаат каритчките.

-Најголем дел од банките ги нудат посттемирналите без никаков трошок без ралика на прометот, истакна Ангеловска уште еднаш потенцирајќи дека ковид-кризата треба да ја искористиме за да промениме некои работи, да ја забрзаме нашата трансформација – и на економијата и на општеството.

Во врска со картичката, министерката рече дека ова е прв пат да имаме ваков современ начин на аплицирање, без граѓаните да бидат принудени да одат во институциите.

– Сакаме да овозможиме на најлесен начин да ја добијат таа помош, да ја искористат на домашни производи и услуги за проектираните 25 милиони евра да имаат најголемо влијание и помош врз економијата, рече Ангеловска. мч/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“